Дербито во Премиер лигата заврши без победник, Челзи и Тотенхем одиграа без голови 0-0 во Лондон.

Натпреварот од 10 коло кое привлече најмногу внимание заврши без голови, со овој бод Тотенхем се врати на врвот во Премиер лигата со 21 бод, исто толку бодови има и Ливерпул, актуелниот првак има послаба гол разлика.

Дербито донесе добар фудбал, борбена игра, но не и најважното, головите изостанаа во Лондон.

Челзи имаше поголем посед на топка, Тотенхем се обиде со контри да стигне до триумф, но идвете екипи не ја погодија противничката мрежа.