По се изгледа во Челзи победи мислењето на Френк Лампард за потребата да се замени првиот голман Кепа Аризабалага, од чија игра тој не е задоволен.

Како што јавува Voetbalnieuws, во летниот преоден рок во Челзи ќе дојде голманот на Ајакс, Андре Онана, кој веќе ја даде својата согласност за овој трансфер.

Се смета дека трансферот на Камерунецот ќе биде вреден 34 милиони фунти или околу 40 милиони евра.

За 23-годишниот Онана заинтересирани беа Барселона, Тотенхем и ПСЖ.

Што се однесува до Кепа Аризабалага, тој најверојатно во летниот преоден рок ќе мора да побара нова средина.