Тренерот на Челзи, Френк Лампард, може да има сериозни проблеми, ако екипата не обезбеди пласман во Лигата на шампионите.

Според тврдењето на The Telegraph, раководството на Челзи внимателно ќе ја разгледа работата на тренерот и ќе извлече заклучок околу понатамошната соработка.

Исто така, раководството на Челзи и Лампард се уште се на спротиставени позиции околу улогата што треба да ја има скапоплатениот голман Кепа Аризабалага, кого Лампард не го става во состав.