Челзи можел да го донесе италијанскиот голман Џанлуиџи Донарума минатото лето.

Најдобриот поединец на Европското првенство им бил понуден на „сините“ кога го напуштал Милан во слободен трансфер, но тие ја отфрлиле таа опција.

Сето тоа само  затоа што  верувале на нивната „единица“ Едуард Менди, во кого гледаат како решение за подолг период.

Оваа вест ја објави италијанскиот новинар Фабрицио Романо веднаш откако Менди повторно блесна.

Со четири феноменални одбрани, тој ја спаси мрежата на европските шампиони на гостувањето кај Брентфорд.

Особено се истакна во финишот, по што „сините“ го задржаа минималното водство.