Новинарот на Ok Diario, Едуардо Инда, пишува за можната зделка меѓу Челзи и Атлетико околу размената на голманите.

Челзи е подготвен да го даде Кепа Аризабалага и дополнителни 30 милиони евра за Јан Облак, тврди овој новинар.

Да потсетиме, Кепа Аризабалага е купен за рекордни 80 милиони евра и со тоа стана најскапоплатен голман во историјата на фудбалот.

Но Кепа веќе месец дена не е во тимот на Челзи, а тренерот Френк Лампард бара од клубот негова продажба.