Премиерлигата влегува во неизвесен период, станува извесно дека ќе дојде до прекин и во Англија откако играчот на Челзи, Калум Хадсон Одои официјално е позитивен на Ковид-19.

Одои има 19 години, тој е прв играч од Челзи што е позитивен на Ковид-19, засега мечот меѓу неговата екипа и Астон Вила не е одложен но се очекува поинаква одлука во текот на денот.

Раководството на Премиерлигата денеска ќе има состанок со клубовите, станува извесно дека ќе дојде до прекин на фудбалскиот шампионат и во Англија.