Раководството на Челзи се обидува да го убеди стоперот Антонио Ридигер да потпише нов договор.

Засега не успеваат во тоа, иако му нудат неделна плата од 145.000 евра.

Одговор од играчот и неговите претставници се уште нема, а тоа ги прави нервозни челниците на „сините“, бидејќи во случај тој да не одговори позитивно, следното лето, кога е слободен играч, може да останат без обештетување.

Ситуацијата дополнително се комплицира со фактот дека неколку други клубови се заинтересирани за овој фудбалер.

Тоа се Пари Сен Жермен, Јувентус, Реал Мадрид и Баерн.

Секој е во состојба да му понуди добар договор, под значително подобри услови од Челзи, кој во тој случај би требало да ја разгледа опцијата за зголемување на понудата.

Во случај нешто да не се промени наскоро, тој би можел слободно да преговара со други клубови од јануари.