Според информацијата на Transfermarketweb, Челзи им се приклучи на екипите што се заинтересирани за услугите на играчот од средниот ред на Бреша, Сандро Тонали. Се наведува дека Челзи ќе се обиде трансферот да го комплетира пред почетокот на летнот преоден рок.

Според достапните податоци за Тонали се заинтересирани и Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Интер, Јувентус и ПСЖ.

Познато е и дека Бреша за Тонали ќе бара најмалку 50 милиони евра.