„Football Insider“ пишува дека Челзи е подготвен да понуди 150 милиони евра за Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд. Понудата наскоро би требало да биде и службено предадена на германскиот будеслигаш.

Претходно Дортмунд ја одбил првата понуда на Челзи, ако може да им се верува на Скај Спорт.

Борусија Дортмунд ја одби првата понуда на Челзи за Ерлинг Халанд, јавува Скај Спорт.

Се споменува дека Борусија би можела за младата норвешка ѕвезда да бара дури 175 милиони евра. Челзи во трансферот сака да го вклучи Тами Абрахам или Калум Хадсон Одои како би ја смалил цената.

Борусија сака да го задржи Халанд и следната сезона затоа што остана без Џејдон Санчо, кој замина во Манчестер Јунајтед.

Сепак, Халанд има клаузула во договорот по која за една година може да замине за само 70 милиони евра, што би можело да го поттикне Дортмунд да го продаде овој преоден рок, ако добие добра понуда.

Проблем во евентуалниот трансфер на Халанд можед да биде и неговиот агент Мино Раиола. Според наводите на Скај Спорт, тој за трансферот би можел да бара провизија од 40 милиони евра.