Како што пишува „САН“, Челзи понудил 86 милиони фунти за Ромелу Лукаку, ова не му се допаднало на Интер кој веднаш го одбил предлогот.

Клубот од Милано нема да го продаде Лукаку за 86 милиони фунти, Челзи ќе мора да се потруди повеќе и подобро, без 100 милиони Белгиецот нема да го напушти Интер.

Лукаку е приоритет на Челзи во преодниот рок, но Интер нема да го продаде ако не добие понуда каква што очекува, таа мора да биде со три цифри во милиони, а најмалку 100, тврдат англиските медиуми.

Доколку Челзи успее да најде 100 милиони ќе го донесе Лукаку во Премиерлигата, со тоа ќе го направи најскапиот трансфер во историјата на клубот.