Разиграниот но не така ефикасен Челси денеска од 19 часот го дочекува Евертон во дуелот кој директно влијае во трката за четвртото место на табелата во Премиер лигата.

Без поголеми проблеми околу составот, Томас Тухел најави дека очекува неговите играчи да докажат дека се во подобра форма од оние на Анчелоти. Евертон за ова гостување ќе мора да се снаоѓа без Делф, Мина и Хамес Родригез.

Два часа подоцна во Лондон, Вест Хем е домаќин на Лидс. Според последните најави Алиоски денеска треба да биде дел од почетниот тим на Биелса кој по поразот од Астон Вила најави дека ќе испрати на клупата неколкумина кои досега имаа загарантиран статус во почетната единаесетка.

Standings provided by SofaScore LiveScore