Челзи има намера да продаде најмалку четворица свои фудбалери во летниот преоден рок, јавува Mirror.

Во текот на вчерашниот ден Мароканецот Хаким Зиеш потпиша за Челзи и тој најверојатно во новата сезона ќе може да замени неколку денешни фудбалери на „Аристократите“.

Според овој извор, Челзи нема да ги продолжи договорите со Вилиан и о Педро, како и со напаѓачот Оливие Жиру, кој беше подготвен да замине уште во јануари.

Последниот кој ќе замине е Миши Батшуаи. Неговиот договор е валиден до 2021 година, но оваа сезона тој не бил стартер на ниту една средба во Премиер лигата, па веројатно ќе замине, во потрага по поголема минутажа.

Од тие кои можат да дојдат во Челзи, најчесто се споменуваат имињата на Муса Дембеле од Лион, Тимо Вернер од Лајпциг и Дрис Мертенс од Наполи.