Владата на Чиле најави дека ѕвездата на Интер, Алексис Санчез и играчот од средниот ред на Болоња, Гери Медел, ќе бидат во карантин, во услови на страв од појава на коронавирусот кој ја зафати цела Италија.

Покрај овие двајца друштво ќе им прави и Артуро Видал од Барселоан, а Чиле се подготвува за своите натпревари против Уругвај и Колумбија од квалификации за Светското првенство.

Првиот натпревар ќе се одигра во Уругвај на 26 март, додека Колумбија пристигнува во Чиле на 1 април за време на претстојната меѓународна пауза.

Италија е во застој поради брзото ширење на вирусот и Серија А е суспендирана, а поради тоа чилеанската влада донесе одлука претпазливо да ги стави пристигнатите играчи во карантин.