Поранешниот италијански репрезентативец и член на Наполи и Јувентус, Чиро Ферара (53), седум години беше соиграч на Диего Марадона во Наполи, а во разговор со Кристијано Виери за Twich се потсети на годинитке минати со легендата на светскиот фудбал, кој почина минатата недела од срцев удар.

Сето ова многу ме погоди, ова се тешки моменти. Сите сме многу тажни поради ова што се случи, но уверен сум дека Диего замина мирно. Пораснав со него, за него ме врзуваат многу незаборавни сеќавања. Тој ми беше пријател и секогаш го бранев. Плати за своите грешки“, рече Ферара.

Ферара стигна во првиот тим на Наполи во исто време кога и Марадона. Италијанецот дојсе од младинскиот погон, а Аргентинецот од Барселона.

Марадона секогаш грешеше на своја сметка Секогаш говореше дека не сака да биде пример за другите. Некој велат дека Диего бил херој, јас велам дека хероите се совршени, не прават грешки. Диего беше анти јунак. И покрај сите слабости, стана најдобар играч “, додаде Ферара.