Чиро Имобиле со еден гол допринесе во победата на Лацио на вчерашната средба во „Серија А“ против екипата на Џенова, 2:3.

За овој 30-годишен напаѓач ова беше 27. постигнат гол на 25 одиграни средби во тековната сезона.

Со тоа, Чиро Имобиле го израмни рекордот на Серија „А“, кој досега му припаѓаше на Антонио Аџелило од сезона 1958/59.