Напаѓачот на Лацио и репрезентацијата на Италија, Чиро Имобиле официјално е  добитник на „Златаната копачка“ на Европа. Роналдо не е повикан за средбата на Јувентус со Рома.

Имобиле со 35 постигнати погодоци е прв на листата на стрелци во Европа, зад него е остане Роберт Левандовски со 34 голови, а Роналдо е трет со  31 постигнат гол.

Имобиле е прв Италијанец кој ја освои престижната награда по пауза од 13 годни,  Франческо Тоти е последниот од Италија кој со Рома  стигна до „златната копача“  во сезоната 2006/07 кога постигна  26 гола.