Екипата на Атлетико Мадрид   на лето се спрема за голема реконструкција во тимот.

Шпанските медиуми јавуваат дека Симеоне веќе известил неколку фудбалери дека нема да бидат дел од следната сезона и се слободни да бараат нов клуб.

Тренерот на актуелниот лидер во Примера наводно прешкртал седум фудбалери кои ќе бидат на трансфер листата.

Според пишувањето на „Кадена Сер“ меѓу фудбалерите кои можат да го напуштат Атлетико се и две големи ѕвезди,Хозе Марија Хименез и Саул Нигез, како и група на фудбалери кои не добиваат голема минутажа – Врсаљко, Тореира, Витоло и Муса Дембеле.

Атлетико се наоѓа во финансиски проблеми, па планира со продажбата на овие фудбалери да го финансира летниот трансфер пазар.