Еден од членовите на стручниот штаб на ангискиот фудбалски тим Манчестер Јунајтед завршил во болница во Австралија, каде што тимот се наоѓа на подготовки во пресрет на новата натпреварувачка сезона.

Според информациите на англиските таблоиди станува збор за еден од помошниците на Оле Гунар Солшер кој се предозирал, па морал да биде пренесен во болница, а клубот од докторите побарал да се почитува доверливоста, но нема сомнеж дека наскоро ќе биде откриен неговиот идентитет.

Оваа е жесток удар за имиџот на „ црвените ѓаволи“, кои во претходните години се наоѓа во резултатска криза.

Уште не е познато и потврдено дали членот од експедицијата на Јунајтед е предозиран од лекови или некои недозволени супстанции.