Фудбалерите на Црвена звезда во Берн рамизираа со 2:2 против екипата на Јанг Бојс во квалификациите за пласман во групната фаза од Лигата на шампионите.Ваквиот резултат предизвика задоволство кај гостите, но и разочарување кај навивачите на домаќините.

Членот на ПР тимот на Звезда, Татјана Шајковиќ, на пат кон микс зоната била погодена со полно шише од навивачите, но за среќа удрена во раката.

Таа поминала без сериозни повреди, но целиот случај екипата од Србија го пријавила во УЕФА, па останува да се види каква казна ќе добие домаќинот.