Кристијан Ериксен е стабилизиран и неговата состојба е под контрола по вчершното колабирање на мечто меѓу Данска и Финска во првото коло од Европското првенството.

Данскиот репрезентативец падна во 43-тата минута и целиот свет во живо ја гледаше борбата на лекарите за неговиот живот. Први на помош му дојдоа соиграчите Јаоким Маеле и Симон Кјаер, а потоа дотрчаа и лекарите на данскатата репрезентација, предводено од Мортен Боесен.

„Кога дојдово до него, лежеше, дишеше и почувствував пулс. Но пота се застана. Почнавме да го оживуваве и после неколку минути со помош на останатите доктори, во тоа и успеавме. Пред да отиде во болница разговараше со мене додека беше на носилка“– изјави Боесен.

УЕФА подоцна соопшти дека состојбата на Ериксен е стабилна и дека се е под контрола. Со него се слушнале соиграчите, кои кога се увериле дека е добро во договоро со финските колеги одлучија да го продолжат натпреварот, кој на крајот го доби Финска со 1:0.

„Јасно е дека практично невозмможно да се игра после она што го видовме. Но моите играчи беа неверојатни. Им се воодушевувам што се вратија на теренот и го доиграа мечот до крај. Едноставно не сакаа да спијат цела ноќ и потоа да станат наутро и да одат да го продолжат натпреварот. Сакавме да ја завршиме таа приказна“– изјави данскиот селектро Каспер Хјумланд.