Златан Ибрахимовиќ во победата со 4:2 на Милан против Болоња, прво запиша асистенција, па постигна автогол, а потоа во 90-тата минута постигна гол со кој го постави конечниот резултат.

Со тој гол стана четврт најстар стрелец во историјата на Калчото. Голото го постигна со 40 годни и 20 дена, со што е само четврт фудбалер кој во петтата деценија успеал да се запише во листата на стрелците во најсилната италијанска лига.

Постари од него се само Пиетро Виерховод, кој во моментот на постигнување на последниот гол во Калчото имал 40 години и 47 дена, Силвио Пиола стрелал со 40 години и 131 ден, а рекордер засега е Алесандро Костакурта со 41 година и 25 дена, кога од пенал стрелаше за поразот на Милан од Удинезе со 3:2, во последниот меч пред пензионирањето во 2007-ма година.

Речиси сигурно е дека Ибра ќе ги помине Виерховод и Пиола, а ако остане и следната сезона во Милан, во опсаност е и првото место на Костакурта.