Барселона преговара за нов договор со Осман Дембеле, потврди претседателот на клубот, Хоан Лапорта.

Барселона прави се за да го задржи Французинот, а Лапорта смета дека Дембеле е подобар од Мбапе.

„Дембеле сака да остане и јас го знам тоа бидејќи со него имаме одлични односи. За мене тој е клучен фудбалер и сакам да остане тука. Според мене Демебеле е подобар од Килијан Мбапе. Неговите агенти мислат за најдоброто за играчот, а многу често тоа не се парите“– изјави Лапорта.