Манчестер Јунајтед ќе мора да му плати 2 милиони евра на Кавани ако не му го продолжи договорот, поради клаузулата која ја имат во првичниот договор за една сезона.

Ова го објави „Тајм“ непосредно откако беше најавено дека Уругваецот и „Ѓаволите“ наскоро ќе ја продолжат соработката за најмалку уште една сезона. Кавани има 34 години а во Јунајтед дојде како словоден играч откако реши да го напушти ПСЖ каде стана најдобар стрелец во историјата на клубот.

Солскјер изјави дека е презадоволен од Кавани и дека очекува да го има во составот и за следната сезона. Кавани денеска нема да биде во тимот на Јунајтед во пресметка со Челси, барем не од првата минута.