Верувале или не, во соблекувалната на Челзи има микровална печка и тоа за играчите пред секој меч да можат да си загреат копачките. Така тие стануваат поудобни за носење, открива извор од клубот за британски Сан.

„Модерните копачки за фудбал се многу груби и тесни за нозете, без разлика што играчите некогаш земаат еден број поголеми“– вели извор од клубот.

А и дополнува.

„Тоа е особено проблем кога поладно времето, затоа што копачките се доста неудобни, а тоа особено се однесува на овие нови модерни модели. Играчите ги ставаат во микровална минута или две, како би се загреале и со самото тоа би биле поудобни. Тие сакаат најдобро од опремата која ја користат и тоа е начин како најбрзо го решаваат проблемот пред натпревар.“