Најмладиот дебитант во македонската фудбалска репрезентација, и член на Шалке, Дарко Чурлинов, во обемно интервју за сајтот на својот нов клуб, а во пресрет на дуелот со Ханза Рошток, вели дека не е невозможно и по втор пат да ја совладаме Германија.

Македонија ја пречекува Германија во октомври, гостуваме и кај Лихтенштајн, во пресрет на дуелот со Рошток, кој беше негов прв клуб во Германија, вели дека националната селекција на оваа земја не е непобедлива, можеме и по втор пат.

„Дуелот со Германците нема да биде лесен, но играме на домашниот терен во Скопје, тоа е нашиот плус. Во првиот натпревар покажавме дека е возможно да се победи Германија. За тоа ви треба добар ден, на првиот меч го имавме. Имаме голем квалитет во репрезентацијата и зошто да не успееме по вторпат да триумфираме против Германците“ – изјави Чурлинов.