Најмладиот дебитант во историјата на македонскиот репрезентативен фудбал, Дарко Чурлинов чека шанса да настапи на ЕУРО, тој е во тимот, а следна можност е дуелот против Украина.

Атмосферата во тимот е добра вели Чурлинов, против Украина не очекува тежок натпревар од кој можеме да освоиме бодови.

„Пресреќен сум што имам можност да бидам дел од овој тим, атмосферата е одлична, сепак е ова европско првенство, среќни сме и концентрирани кон натпреварите, верувам во моите квалитети, доколку добијам шанса за настап ќе направам се да и помогнам на екипата да дојде до победа, тука сум за тимот. Наше е да дадеме се од себе, треба да веруваме во нас и да одиме на победа“ – изјави Чурлинов.

Средбата се игра во четврток од 15 часот на „Националната Арена“ во Букурешт.