Дарко Чурлинов се израдува на првиот гол во дресот на Штутгарт, македонскиот репрезентативец со гол во 88 минута ја потврди победата на својот тим на гости кај Динамо Дрезден.

Првиот гол во дресот на Штутгарт покажа колку посветено работи Чурлинов кој ја искористи минутажата и постигна гол.

„Пресреќен сум за деби голот, работев посветено на тренинзите по паузата, не беше лесно, но сега фаќаме ритам, се надевам ќе има уште голови“ – изјави Чурлинов за Дриблинг.мк