Дарко Чурлинов , најмладиот дебитант во историјата на Македонската фудбалска репрезентација, и моментален член на Штудгард ,е импресиониран од атмосферата и настапот на ЕУРО 2020 , но истовремено жали за поразот на нашата селекција ,и очекува подобро против Холандија. Чурлинов конечно доби поголема минутажа , и сосем солидно се покажа во Македонскиот репрезентативен дрес:

„Впечатокот е одличен да се игра на ЕП, штета што резултатот не беше како што посакувавме. Тоа е разочарувачки, но имаме меч со Холандија и мораме да се фокусираме на него. Тешко е да се говори за Холандија, уште има емоции кај нас, лично, мое мислење е дека прво полувреме можевме да одиграме многу подобро и тоа беше проблемот за нас на овој натпревар. Во вториот дел бевме многу подобри, нижевме шанси и бевме подобри. Ова ЕП е голем плус за нас за сите фудбалери, нема да застанеме тука“, изјави Чурлинов.