Дарко Чурлинов го посигна првиот гол во дресот на Штутгарт на средбата со Динамо во Дрезден, задоволен е од  постигнатото и враќањето на теренот по паузата од коронавирусот.

Македонскиот репрезентативец вели дека работи посветено и се надева на нови голови во дресот на Штутгарт.

„Подготовките беа добри, мојот гол е важен, но уште поважна е победата. Како напаѓач треба да се биде секогаш сконцентиран, да се најдете на вистинско место во вистинско време, голот е бонус на добрата игра. Се надевам дека ќе победуваме и на следните натпревари, добро работевме и подгтовени сме за нови победи“ – изјави Чурлинов.