Германскиот „Билд“ ја пренесува изјавата на Армин Вех, спортски директор на Келн според која Дарко Чурлинов се сложил за продолжување на договорот со Келн.

Според информациите до кои дојде дриблинг.мк нашиот репрезентативец нема дадено никаква потврда дека се сложил на продолжување на договорот со „јарците“ иако разговори во изминатиот период имало.

Чурлинов има стипендиски договор со Келн до јуни 2020 година, потоа е слободен играч, Келн преку германските медиуми притиска за нов договор кој засега го нема.

За младиот репрезентативец на Македнија имаше голем интерес од Штутгард но до договор летово не дојде бидејќи Келн не се сложи на продажба.