За разлика од многу европски шампионати во Црна Гора натпреварите ќе се играат со присуство на публика, изјави претседателот на Владата, Душко Марковиќ.

„Тие одлучија исто така да бидат дозволени свадби, крштевки, но и ограничен број на гледачи на спортските натпревари“-изјави Марковиќ.

Единствена земја во која се дозволени натпревари да се играат пред публика е Белорусија, додека во останатите првенства на кои се игра, тоа не е случај. За потсетување, првенствата во Франција, Холандија и Белгија нема да се доиграат.