УЕФА дозволи да има публика во ограничен број, ги израдува навивачите од Србија и поготово оние најзагреаните на Црвена Звезда пред дуелот со Милан во Европа лигата, сепак здравствените власти од соседната земја, преку епидемиолог Предраг Кон ги „олади“ фановите.

Кон смета дека не е изводлив планот на Црвена Звезда, белградскиот клуб сакаше да пушти во продажба 17.000 билети, но тој процес е стопиран.

 

„Засега е нереално, ќе видиме, ја следиме ситуацијата, но во моментов тоа не е опција“ – изјавил Кон.

Кризниот штаб на Србија за пандемијата од Ковид-19 е тој што ги носи сите одлуки, но според изјавата на Кон се чини дека се мали шансите Црвена Звезда да има поддршка од навивачите против Милан.