Дејан Станковиќ е едно од тренерските имиња кои се споменуваат како нов тренер во Сампдорија, тврдат медиумите од Италија.

Актуелниот тренер на Црвена Звезда би можел да биде замена за Роберто Даверса во Сампдорија,  се очекува тој да добие отказ по поразот од Лацио.