Црвена Звезда на маестрален начин стигна до победа над Олимпијакос во Белград, славеше со 3-1 иако тимот од Грција прв поведе.

Шампионот на Србија со пласманот во Лигата на шампионите заработи 15,2 милиони евра, сега со победата над Олимпијакос додаде нови 2,7 милиони на контото.

Црвена Звезда извесно е дека оваа сезона ќе заработи околу 30 милиони евра, покрај донациите од УЕФА за учеството во ЛШ и резултатите во елитното натпреварување , дополнително на контото ќе легнат пари од ТВ права, маркетинг, продажба на влезници и дресови.