Повеќе италијански медиуми тврдат дека Манчестер Јунајтед се блиску до потпис со  дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали, чиј трансфер ќе изнесува 90 милиони евра.

Француските весници веќе потврдија дека ПСЖ се повлекува од трката, додека Барселона и Реал Мадрид своите планови ги насочија кон други дефанзивци.

Цената на Кулибали падна, поради пандемијата од Коронавирус и претседателот Де Лаурентис е подготвен да го даде Кулибали за помалку пари, иако во изминатата година одбиваше понуди и од над 100 милиони евра. Репрезентативецот на Сенегал има договор со Наполи до јуни 2023.година.

Покрај Јунајтед, интерес во последниот период пројавија и Ливерпул, Тотенхем, Манчестер Сити и Њукасл.