Манчестер јунајтед, е заинтересиран за италијанскиот талент Пјетро Пелегри, кој сезонава се бореше со голем број на повреди во дресот на Монако.

Според новинарот на „Sky Sport Italia“, Џaнлука Ди Марцио, Оле Гунар Солскјер иднината на Пелегри ја гледа на „Олд Трафорд“.

Тој неодамна наполни 19 години, но направи сензација кога постигна три гола во Серија А за Џенова на 16-годишна возраст, во мечот против Рома. Напаѓачот своето деби во Серија А го имаш на возраст од 15 години и 280 дена.Пелегри во Монако пристигна во 2018 година за 21.милиони евра плус од редовите на Џенова.

Сепак, тој сезонава врза само шест натпревари за Монако во кои постигна еден гол, а голем дел од сезоната пропушти поради повреда на бутниот мускул.

Тој исто така се поврзува со враќање во Серија А во редовите на Рома или Верона.