Манчестер Јунајтед ниту оваа сезона не блескаат, а тоа е причина раководството на „црвените ѓаволи“ повторно да го одврзе ќесето и да доведат засилувања во зимскиот преоден рок.

Според, англиски Дејли Стар челниците на Јунајтед на Солскер му одобриле 90 милиони фунти за во јануари да го доведе везниот играч на Њукасл Шон Лонгстаф и напаѓачот на Лион Муса Дембеле.

Двајцата фудбалери се поврзуваа со Јунајтед и изминатото лето. Меѓута, конкретни понуди немаше, но овие трансфери би требало да се случат во јануари.

Инаку, после седум кола Манчестер е на 10. позиција во Премиер лигата со девет бодови што е најлош стар во последните 30 години.