Јувентус во неделат е поразен со 3:0 од Милан во 35-тото коло во Серија во директниот дуел за плсман во Лигата на шампионите. Сега тимот од Торино е петти на табелата и во случај да не се пласира во Лигата на шампионите ќе изгуби околу 90 милиони евра.

Тоа прави сериозни проблеми за челниците на Старата дама, кои под договор уште една година го имаат Кристијано Роналдо, кој заработува 30 милиони евра по сезона.

Се споменува дека Роналдо би можел да замине ова лето. Јувентус нема да може да го плаќа, а на него не му се игра во Европа лигата со тим кој е тек петти во Италија. Како би го смириле по една од најлошите сезони во неговата кариера, челниците на Јувентус организираа посета на фабриката на Ферари во Маранело. Во понеделникот поради тоа Роналдо не тренираше.

Андреа Ањели и Џон Елкан го однесоа Португалецот во Маранело. Таму Роналдо веднаш си купи Ферари Монца СП2 за 1.6 милиони евра.

Роналдо во гаражата веќе има две скапи возила Бугари, МекКларен Сена, Ферари Ф12 ТДФ и Мерцедес Класа Г Брабус. Неговите автомобил заедно вредат околу 7.5 милиони евра.

Новото Ферари на Роналдо за 2.6 секунди може да постигне брзина од 100 километри на час.