Бразилскиот репрезентативец, Даглас Коста сака да го напушти Јувентус и да се проба во Премиер лигата, неговиот агент повтрди дека работи на трансфер.

Коста кој беше поврзуван со Манчестер Јунајтед и со Тотенхем е пред преселба во Вулверехемптон.

Неговиот агент посочил дека преговорите се во тек и дека неговиот клиент можно е наскоро да ја официјализира преселбата.

Коста пристигна во Јувентус во 2018 година од Баерн Минхен но честите повреди го спречија вистински да се докаже во очите на навивачите на „Старата Дама“.