Бразилскиот повремен репрезентатиевц, Даглас Коста и оваа сезона ќе го гледаме во дресот на Јувентус, пренесува „Калчомеркато“.

Новиот тренер на „старата дама“, Маурицио Сари најавил дека Коста ќе добие вистинска шанса во првиот тим и поради ова играчот одлучил да остане во Торино.

Ова значи дека сите најави за евентуална преселба на крилниот напаѓач во Англија нема да се остварат. Во меѓувреме во Италија на големо се пишува за останувањето и на Дибала кој решил да ја одбие понудата од Јунајтед.