Легендарниот Бразилец 40 годишниот Даглас Маикон и понатаму активно игра фудбал. Моментално е член на бразилскиот четвртолигаш Соне, а наскоро би можел да направи трансфер во Европа.

Мајкор е блиску до потпис со аматерскиот тим на Тре Пене од Сан Марино. Станува збор за шампион на таа земја, а славниот десен бек би дошол да му помогне на тој клуб во квалификациите за Лигата на шампионите. За почеток би требало да ги одигра двата квалификациски меча.

Мајкон во кариерата играше за Крузерио, Монако, Интер, Манчестер Сити, Рома, Аваи, Сирикума и Вила Нова. За репрезентацијата на Бразил има 76 настапи и постигнато осум гола.

Играјќи за Интер од 2006-та до 2012-та година беше еден од најдобрите десни бекови на светот. Со Интер освои 11 трофеи, вклучувајќи четири италијански првенства и еден трофеј во Лигата на шампионите.