Шпанија стравува дека е можно некој од 2377 навивачи на Валенсија кои беа во Милано да ја бодрат својата екипа против Аталанта се заразени од Коронавирусот.

Валенсија загуби од Аталанта со 4-1 во Лигата на шампионите, речиси три илјади навивачи на клубот од Шпанија беа на трибините на „Сан Сиро“.

Според медиумите од Шпанија, се бара од сите навивачи да се прегледаат со цел да се добијат сознанија дали некој од нив е заразен од вирусот кој ја поремети спортска Италија.

Бројката на навивачи не е мала, властите од Валенсија ги превземаат сите можни мерки за превентива, прашање дали е доцна или мерката е превземена во вистински момент.