Иако се чинеше дека работата е завршена, сепак Јунајтед достави нови барања за Алексис Санчез и тој засега не оди кај Интер.

Менаџерот на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер потврди дека преговори има но Интер ќе почека, преодниот рок во Италија завршува на втори септември и веројатно ќе се тактизира до последен момент.

„Да видиме што ќе се случува во септември, Санчез тренира добро и многу ни помогна во победата над Шефилд, има понуди и од други клубови“ – изјави Солскјер.

Медиумите во Италија минатата недела ги „закажаа“ медицинските прегледи на Санчез во Милано но до тоа не дојде, Интер иснистира да го донесе во своите редови но се чини ќе почека уште малку.