Италијанските медиуми сметаат дека Јувентус влегол во катастрофа со продажбата на Моисе Кин и со поразот од Интер во трката за Ромелу Лукаку.

Како што пишува порталот „Football Italia“ како никогаш досега Јувентус агресивно и успешно настапи на почетокот од предниот рок но крајот го расипа целиот труд.

„Јувентус е познат по паметни одлуки, неверојатна глупост е продажбата на талентираниот Моисе Кин“ – тврди овој спортски портал.

Јувентус летово ги донесе Арон Ремзи, Матијас Де Лихт и Адриен Рабио но не успеа да го донесе Ромелу Лукаку по тешките преговори со Јунајтед и тоа е катастрофа во финишот на предниот рок.