Навивачите на Ливерпул не се израдуваа на новостите кои денеска беа обелоденети во островските медиуми поврзани со договорот кој го има Јирген Клоп и управата на „Црвените“.

Доколку Клоп доби повик за селекторската позиција во Германија, управата на Ливерпул не смее да го спречи тој веднаш да си замине од кормилот на моменталниот лидер во Премиер лигата.

Клоп има договор со Ливерпул до 2024 година а оваа сезона извесно е дека ќе ги израдува навивачите на „Црвените“ со освојувањето на титулата во Англија.

Клоп новиот договор го потпиша во декембри 2019 година.