Селекторот на хрватската фудбалска репрезентација, Златко Далиќ, влезе во дискусија со медиумите ден по поразот од Англија на стартот на Европското првенство, за што обвини дека го нарушува мирот на националниот тим со објавување на составот пред натпревар.

Хрватска на мечот со Англија играше без вистински напаѓач, Петковиќ остана на клупата, додека беше изненадување што Баришиќ и Власиќ беа надвор од првиот тим.

“Не го знам составот до утрото на денот на натпреварот, а тој излезе во весниците два дена претходно. Покрај тоа, вие пишувате ден претходно дека Далиќ прави големо изненадување со Ребиќ, “ рече Далиќ.

„Знам дека си ја работиш својата работа, но не знам дали ти е поголема платата ако напишеш тим во извештајот  кој не го ни знаеме“, заклучи Хрватскиот селектор.

Далиќ објасни и дека му било јасно дека Хрватска не е добра во нападот и дека не му е јасно дека јавноста толку драматично го прифати поразот од Англија, најавувајќи дека ќе се обиде да ги реши проблемите во следните два натпревари во групната фаза – против Шкотска и Чешка.