Селекторот на Хрватска, Златко Далиќ најверојатно ќе поднесе оставка од позицијата која во моментов ја извршува и ќе му се врати на клупскиот фудбал по завршувањето на ЕУРО 2020.

Откако „Коцкестите“ не успеаја да се претстават во очекуваното светло на континенталниот собир, медиумите од Хрватска најавуваат дека Далиќ со сигурност ќе си замине по ЕП.

Неофицијално, Далиќ веќе има постигнато усмен договор со турскиот фудбалски гигант Фенербахче за новата натпреварувачка сезона.

Хрватска ремизираше со Чешка и си ги загрози шансите за пласман во осминафиналето на ЕУРО 2020.