Хрватска во вторник од 21 часот се среќава со Шкотска, последен меч на шампионатот за „коцкестите“ кои ќе бараат можност за победа и пласман во осминафиналето на ЕУРО.

Селекторот Златко Далиќ смета дека шансите постојат, иако е последна, Хрватска ќе ја искористи.

„Одигравме натпревар со две лица, добро прво и слабо втро полувреме, ништо не е загубено, потребна ни е победа против Шкотска,  тоа е остварливо, последната  шанса е тука и таа мора да ја искористиме, мораме да победиме.“ – изјави Далиќ.

Хрватска во групата Д има само бод, по четири имаат Чешка и Англија, Шкотска исто така има еден бод.