Лошиот пристап, досадните тренинзи и неатрактивнот фудбал како и арогантното однесување не биле главната причина поради која Тотенхем му дала отказ на Мурињо.

Според британските медиумите, Даниел Леви, првиот човек на Тотенхем стравувал дека ако Мурињо остане на меџерската позиција, ова лето клубот ќе го напуштат ѕвезди од рангот на Кејн, Сон, Лукас, Али па и дека Герет Бејл нема да има причина да побара останување во Лондон.

Леви одлучил дека не сака да остане без најдобрите играчи и да мора да подготви 300 милиони фунти за нови играчи и поради ова решил да му врачи отказ на Мурињо.

Португалецот пак веќе најави дека нема да прави долга пауза, но ќе видиме кој клуб ќе се реши да го ангажира по лошите резултати со Тотенхем.