Бразилскиот фудбалски репрезентативец Дани Алвеш може да се врати во Барселона, пренесуваат шпанските медиуми.

Шпанското радио „RAC1“ потврди дека Алвеш сам се понудил да се врати на „Камп Ноу“, а раководството на Барселона не ја затворило вратата и му понудило договор да се врати во екипата каде настапуваше цели осум години.

Алвеш со каталонскиот гигант освои 23 трофеи,пред да замине во Јувентс,за потоа да направи трансфер во ПСЖ.